Meнаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо и стоперот Девисон Санчез го најавија натпреварот кој овој тим ќе го игра против австриски ЛАСК денес во новата сезона од Лигата на Европа.
Спарсите за викендот одиграа драматичен меч против Вест Хем во кој водеа се до 82. минута, но на крајот тој заврши 3:3. Мурињо посебно повика на внимателност, но не зборуваше многу за составот со кој ќе игра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Единствениот играч за кој можам да ви потврдам дека ќе игра е Дависон Санчез кој после мене ќе даде изјава. Само немојте да го прашувате за голот кој го постигна во неделата“, изјави Мурињо и алудираше погодокот кој Санчез го постигна во сопствената мрежа за 3:2“.
Жозе беше убеден дека Вест Хем не може да им се повтори.
„Верувам дека можеме да одиграме уште 50 натпревари во кои ќе имаме 3:0 во 80. минута и во кои такво нешто нема да се случи“, изјави помеѓу другото Мурињо.