Дома Трансфер зона Мурињо го избрка од Челзи, а сега го сака во Јунајтед

Мурињо го избрка од Челзи, а сега го сака во Јунајтед

Поранешниот играч на Челзи, а сега член на Бурнмаут, Наитан Аке се поврзува со трансфер во англиските гиганти Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Приоритет на Жозе Мурињо во зимскиот преоден рок ќе биде да ја засили последната линија од тимот, а токму Аке е една од неговите најголеми желби.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Додека работеше во Челзи, Мурињо соработуваше со Аке и добро го познава, но тогаш 23-годишниот стопер воопшто не добиваше шанса, па мораше да го напушти „Стенфорд Бриџ“.

Во Бурнмаут пружа одлични партии и се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци во Премиер лигата. „Специјалниот“ сака да го примени истиот метод како со Лукаку, кого го избрка од Челзи, а сега го донесе во Манчестер Јунајтед.

Сепак, „црвените ѓаволи“ ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за Аке силен интрес покажува и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Преговорите во застој, Мењан може да го напушти Милан

Преговорите помеѓу Милан и голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот се во застој, …