Герет Бејл повторно е на излезните врати на Сантијаго Бернабеу.
Шпанските медиуми објавија информација дека 30-годишниот Бејл не е во плановите на Зидан за наредната сезона и дека може како слободен играч да го напушти клубот во текот на летото.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, малку се оние кои се спремни на Бејл да му дадат огромна плата со која ќе го привлечат во својот клуб.
Најсилен интерес за Бејл покажува Тотенхем, а Жозе Мурињо и лично го контактирал Велшанецот.
30-годишниот фудбалер е отворен за враќање во Премиер лигата, па Мурињо сака да ја искористи таквата ситуација.
Сепак, за реализација на овој трансфер Бејл ќе треба да прифати помала плата, или Реал да покрива одреден дел од неговата годишна плата.
Tottenham Hotspur manager José Mourinho wants to bring Real Madrid forward Gareth Bale back to the Premier League club. (Cuatro) pic.twitter.com/zzbAXO1FLi
— Hotspur Hacker (@HotspurHacker) August 20, 2020