Жозе Мурињо беше гостин во подкастот на Рио Фердинанд. Во него тој призна дека е многу повреден поради отказот што неодамна го доби од Рома, а потоа ги откри и неговите фаворити за освојување на англискиот фудбалски шампионат и Лигата на шампионите.
Ливерпул во моментов е водечки тим во Премиер лигата со два бода, но и натпревар повеќе од Манчестер Сити.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Откако малку размислуваше за конечниот одговор, Мурињо сепак им даде предност на тимот на Пеп Гвардиола. За него таа е и еден од двата најголеми фаворити за освојување на Лигата на шампионите.
„Би рекол дека или Манчестер Сити или Реал Мадрид ќе ја освојат Лигата на шампионите. За мене би било големо изненадување кога би бил некој друг, иако титулата можат да ја освојат и Баерн и Пари Сен Жермен. Би сакал титулата да му припадне на Реал, поради клубот и Карло Анчелоти“, изјави Мурињо.