Дома Фудбал Англија Мурињо ги израдува фановите: Лукаку спремен за финалето

Мурињо ги израдува фановите: Лукаку спремен за финалето

Менаџерот на Манчестер Јунајтед зборуваше за повредата на Ромелу Лукаку и за изгледите тој да настапи на финалето од ФА Купот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лукаку игра одлична прва сезона на „Олд Трафорд“ и постигна 27 гола во 50 натпревари од почетокот на сезоната, но заработи повреда на мечот со Арсенал.

Напаѓачот моментално е во Белгија каде се рехабилитира, а Мурињо ги израдува фановите и изјави дека најверојатно ќе биде спремен за финалето.

„Се надевам дека ќе игра во финалето. Тој е во Белгија, каде што се лекува, но имаме постојана врска меѓу докторите таму и нашиот лекарски штаб. Сега само треба да почекаме и да видиме. Ако не може да започне од првата минута, барем ќе биде на клупата“, изјави Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…