Дома Топ вести Мурињо во јануари има во план да продаде двајца играчи

Мурињо во јануари има во план да продаде двајца играчи

Португалскиот тренер, Жозе Мурињо, наводно, подготвува нови промени во екипата за време на претстојниот јануарски трансфер период.

Иако повеќето од играчите кои ги сакаше и ги купи со доаѓањето на клупата на Јунајтед, Мурињо никако не успева да направи екипа која ќе прави резултати какви се очекуваат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговиот Манчестер Јунајтед пред неколку дена беше поразен на гостувањето во Челзи со 1:0 и сега заостанува зад лидерот Манчестер Сити дури осум бода. Многумина сметаат дека Јунајтед и оваа сезона тешко ќе дојде до титулата, но Мурињо нема намера да се откаже, па подготви листа на засилувања за јануари, за неговата екипа да биде уште посилна во следниот дел од сезоната.

Сепак, како што пренесува „BBC“, управата на овој славен англиски клуб бара од Жозе прво да продаде двајца играчи, за да ги контролира трошоците. Имено, од минатото лето за плати на играчите трошоците беа зголемени за повеќе од 13% и управата повеќе не сака такви фудбалери.

Токму поради тоа, Жозе е принуден во јануари да продаде барем двајца играчи, а тоа според информациите на споменатиот медиум ќе бидат Лук Шо и Маруан Фелаини. Уште од претходно беше познато дека тие не котираат премногу добро на „Олд Трафорд“, а се споменуваа и нивни заминувања во други клубови, па дури и лиги. Додека Фелаини е во немилост кај навивачите и се смета за главен виновник за многу примени голови минатата сезона, Лук Шо има сериозни проблеми со повредите и тоа очигледно повеќе не може да се трпи.

Ќе видиме што ќе биде од сето ова и дали овие промени на Мурињо ќе му донесат квалитет повеќе во екипата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…