Хрватскиот стопер Антоник Тиквиќ (20) е на мета на Фенербахче пишуваа турските медиуми.
Жозе Мурињо сака да ја засили одбраната со 195 сантиметри високиот стопер кој во овој момент е фудбалер на Удинезе. Тиквеш минатата сезона за Удинезе одигра само една минута во Серија А.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во клубот од Удине пристигна минатото лето за сума од 650.000 од редовите на Баерн. Неговиот договор со италијанскиот тим е до 2028 година, а според „Трансфермаркт“ вреди 700.000 евра. Станува збор за фудбалер кој има четири настапи во У21 селекцијата.
Тиквиќ во кариерата беше член уште на ХСВ и Сент Паули бидејќи е роден во Хамбург.