Дома Топ вести Мурињо во тајна посета на Мадрид: Капари ѕвезда која веќе избра број на дресот!

Мурињо во тајна посета на Мадрид: Капари ѕвезда која веќе избра број на дресот!

Жозе Мурињо тајно одлетал во Мадрид! Причината за тоа е што сака што побрзо да го осигура доаѓањето на Антоан Гризман на „Олд Трафорд“ следното лето.

Англиските медиуми откриваат дека Мурињо имал средба со француската ѕвезда на која разговарале за деталите од соработката. Наводно преговорите течат одлично па Гризман дури му соопштил на „Специјалниот“ кој број сака да го носи во Манчестер Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гризман има договор со Атлетико до 2022 година, но тоа нема да биде проблем за „црвените ѓаволи“ кои се спремни да ја активираат откупната клаузула која изнесува 100 милиони евра.

„Дон Балон“, кој ја пренесе оваа вест јавува дека Мурињо ќе има жестока конкуренција од Барселона, па затоа сака што е можно побрзо да постигне преддоговор со Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …