Дома Фудбал Останато Мурињо веќе знае кој клуб ќе биде негова следна дестинација!

Мурињо веќе знае кој клуб ќе биде негова следна дестинација!

Жозе Мурињо доби отказ во редовите на Манчестер Јунајтед кон крајот на 2018 година.

После серијата лоши резултати раководството на тимот од „Олд Трафорд“ одлучи да го отпушти Португалецот и тој момент Мурињо е без ангажман.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во разговор за „беИН Спорт“ Мурињо откри дека имал одредени понуди не дека ги одбил затоа што точно знае што сака.
Иако откри една информација, името на клубот не сакаше да го открие.

„Три ипол месеци сум без ангажман и се спремам повторно да седнам на клупата. Кога Сте во светот на фудбалот поради големите обврски немате премногу време за себе. Ги искористив изминатите неколку месеци да ги наполнам батериите“, изјави Мурињо и додаде:

„Тренерската работа е навистина посебна. Уживам во секојдневната работа и сакам да се вратам ова лето, на самиот почеток на сезоната. Знам точно што сакам и затоа неодамна одбив три-четири понуди. Не сакам да го откријам името на клубот, но според стилот на клубот точно знам што сакам и се надевам дека ќе одработам добра работа“, истакна Жозе.

Мурињо често пати се поврзуваше со клупата на Интер. Италијанските медиуми тврдат дека токму тој е човекот кој ќе го наследи Лучијано Спалети, но за конечна потврда или демант веројатно ќе мораме да го чекаме крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…