Жозе Мурињо наводно е првиот „пик“ за нов селектор на Португалија, кога Федерацијата на таа земја и официјално ќе се раздели со Фернандо Сантош.
До следните репрезентативни натпревари, Португалија има време, иако март не е и толку многу далеку. Тоа во главно ќе претставува период во кој ќе се носат одлуки. Прво прашање во португалскиот фудбал ќе биде дали Сантош ќе остане селектор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според некои медиуми Мурињо веќе добил понуда да ја преземе селекторската позиција. Во Португалија како што се најавува не бараат тој да ја напушти Рома, туку паралелно би работел на двете позиции
Опцијата за Мурињо била интересна, но се прашува и Рома, на која можеби ова ќе и пречи, бидејќи „Специјалниот“ нема да може целосно да се посвети на клубот.
Се верува дека март би бил „пробен период“ на таквата работа, а потоа, пред се, со клубот, би видел како се ќе оди понатаму.
Тој не е единствениот кандидат за „навигаторската“ клупа, бидејќи Португалците размислуваат и за селекторот на репрезентацијата до 21 година, Руи Жорж. Треба да се спомене и дека вчера во јавноста од британскиот „Атлетик“ се појави информација дека Мурињо може и на селекторската позиција на Англија, меѓутоа засега тоа не изгледа како реална опција.