Дома Фудбал „Мундо Депортиво“: Најлошиот судија во историјата на „Ел Класико“!

„Мундо Депортиво“: Најлошиот судија во историјата на „Ел Класико“!

Како и што беше случај во неколку големи дерби средби оваа сезона, еден ден после „Ел Класико“ се зборува само за судиите.

Алехандро Хозе Хернандез (35) беше очаен во дербито помеѓу Барселона и Реал, иако мора да се истакне и дека имаше тешка задача. Симулираа и удираа и едните и другите…


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Каталонските медиуми се повеќе незадоволни и сметаат дека ова е најлошиот судија кој некогаш судел едно „Ел Класико“.

„Најлошто судење во поновата историја на „Ел Класико“, е насловот на „Ел Мундо Депортиво“. Треба да се истакне дека ова е медиум кој традиционално е наклонет кон Каталонците.

Новинарот на „Мундо“ во продолжение го објаснува судењето на главниот судија.

„Судиите знаат да направат неколку грешки во повеќе натпревари. Но Хернандез, Хернандез ги направи сите во еден и тоа во оној кој го гледаат милијарда луѓе. Во овој натпревар влезе со репутацијата на најдобар шпански судија, а го заврши како апсолутно најлошиот. Важеше за судија со одлично чувство за игра, но во вчерашниот натпревар констатно беше погрешно поставен и им пречеше на фудбалерите на Барселона во кратките пасови“.

„Накратко тоа беше колекција на апсурдни одлуки кои засекогаш ќе ја обележат кариерата на Хернандез и неговите помошници како најлошите во едно „Ел Класико“, стои во такстот на „Мундо“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судиски аналитичар за голот на Милан: Ова е срамота!

Голем револт во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанецот кој го водеше на…