Дома Фудбал Останато Мундијалот требало да се одржи во САД: Блатер откри што се случувало седум дена пред одлуката

Мундијалот требало да се одржи во САД: Блатер откри што се случувало седум дена пред одлуката

Светското првенство (СП) во Катар ќе почне на 20 ноември, а поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Балтер кажа дека никогаш не го поддржал овој избор.

Блатер во разговор со англиските медиуми откри што се случило и за тоа обвини еден човек.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Изборот на Катар беше голема грешка. Беше договорено Русија да го организира Мундијалот во 2018 година, а четири години подоцна САД требаше да бидат домаќини.

Тоа требаше да биде гест за мир на овие земји, но седум дена пред конгресот на ФИФА во 2010 година ми се јави Мишел Платини и ни кажа дека планот не може да се изведе.

Добил повик од претседателот Саркози кој бил на состанок со првиот човек на Катар. Саркози му кажал на Платини да го доделат Мундијалот на Катар. Бев против тоа, но Платини ми кажа дека мора да го направиме тоа“, вели Блатер.

Коментари
  • Сеп Блатер бил итно пренесен во болница

    Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер бил итно пренесен во болница откако му се влош…
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…