Дома Фудбал Англија Мундијалот докажува дека Премиер лигата е најсилното првенство во светот?

Мундијалот докажува дека Премиер лигата е најсилното првенство во светот?

Со уште 62 фудбалери во Катар, кои играат за 14 клубови, англиската Премиер лига е најзастапеното првенство меѓу осумте четвртфиналисти на Светското првенство.

И покрај изненадувачката елиминација на Шпанија во осминафиналето против Мароко, Примера е втората најзастапена лига со 30 играчи од осум клуба.

Иако Италија не успеа да се квалификува за Светското првенство во Катар, нивната Серија А е на третото место со 23 играчи кои играат за девет различни клубови.

Следува Лига 1 (18 играчи, осум клуба), со голема помош од Пари Сен Жермен, потоа Бундес лигата (17 играчи, осум клуба) и на крајот холандското првенство (11 играчи, три клуба).

На клупски план водат двата Манчестера, Сити и Јунајтед, кои имаат најголем број присутни играчи во Катар – по 11. На третото место се ПСЖ и Ајакс со по седум играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сопственикот на Ман Сити може да биде принуден да се раздели со клубот

Сопственикот на Манчестер Сити шеик Мансур може да биде принуден да се раздели со клубот к…