Дома Македонски спорт Мукаетов: Сакам полна сала, да се заблагодариме на оние кои ги бранеа боите на Македонија!

Мукаетов: Сакам полна сала, да се заблагодариме на оние кои ги бранеа боите на Македонија!

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов денес на прес-конференција го најави ракометниот спкетакл на 3-ти јануари.

РФМ на почетокот на новата година со вистински спектакл ќе им се заблгодари на големите имиња кои во изминатите години го носеа ракометниот дрес.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Влегувам во десеттата година од мојот мандат на чело на РФМ. Голем дел од играчите беа во зенитот на кариерите.

Дел од нив сега не се активни, а на нивно место дојдоа нови генерации. Тие беа некогаш нивни идоли, сега ги заменија во репрезентацијата. Ова ќе биде одлична можност да се заблагодариме на 20 Македонци кои со полно срце и поственост ги бранеа боите на нашата држава Македонија и репрезентацијата. Ова ќе биде интересен настан да се види.

Претходно можеби бевме спречени поради Ковид ситуацијата и строгите мерки, но сега е шанса ракометарите да видат колку се почитувани. Мукаетов очекува полна сала, а посебно е среќен што настанот има и хумантиране карактер.

Ракометарите заслужуваат многу повеќе, поради Ковид-19 не можевме да им се заблагодариме порано за се што даваат и давале за Македонија. Сакам да ги поканам сите оние кои може да дојдат, затоа што мислам дека ни следи еден прекрасен настан.

Би сакал да се заблагодарам и на уметниците кои не пратат на овој настан. Овој настан ќе биде хуманитарен, сите средства ќе одат во СОС „Детското село“.

Целта ни е да собереме некаде околу еден милион денари. Досега се продадени 4.500 билети, останаа уште 1.500, се надевам дека салата ќе биде полна“, изјави Мукаетов.

Влезниците веќе се пуштени во продажба по цена од 250 и 300 денари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…