Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, го отвори Редовното годишно собрание на стартот на 2018 година, со сумирање на резултатите од изминатата година.

“Машката сениорска репрезентација, по СП во Франција 2017, го продолжи концептот на подмладување на составот, паралелно со одржување на континуитетот на учества на големите натпреварувања. Освоеното прво место во квалификациската група и одличниот настап во првата фаза на ЕП во Хрватска, како и подмладувањето на составот, влеваат надеж дека Македонија се движи во правилна насока. Одигравме одлична прва фаза на првенството во Хрватска, во втората игравме без Лазаров против Шпанија, која подоцна стана европски шампион, против четвртопласиранта Данска, како и против Чешка, која подоцна го финишираше ЕП на 6. место, и против која исто така сметам дека можевме и моравме подобро. Падот на концентрацијата во клучните моменти не чинеше многу на овој меч. Во иднина би порачал дека личните проблеми и суети треба да се оставаат во Скопје и да се биде со максимална концентрација на сите натпреаври, бидејќи јунаците на мака се познаваат. Турнирот се игра докрај.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сакам да упатам комплименти до стручниот штаб и да го пофалам извонредното водство на стратегот  Раул Гонзалес, кој се надевам дека и понатаму ќе остане на нашата клупа. Да се претставуваат боите на оваа наша мала држава, рамо до рамо со најдобрите во Европа и во светот, додека истовремено во составот се промовираат четворица млади играчи, стои како потврда за проактивното делување на оваа наша проблематика. Треба да останеме фокусирани на следниот голем проект, а тоа е пласман на следното Светско првенство во 2019 година“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…