Maкедонската фудбалска репрезентација вчера беше поразена од Украина со 2:3 и покрај тоа што на полувремето водевме со 2:0.
Еден од најдобрите на теренот во редовите на Украина беше Михајло Мудрик кој запиша две асистенции, за вториот и третиот гол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„На теренот за овој натпревар излеговме неспремни, можеби бевме малку уморни. Сепак, покрај тоа што губевме со 0:2 верувавме дека ќе се вратиме. Знаевме дека мораме да одиме на се или ништо“, изјави Мудрик.
Иако очекувањата од него беа големи и во Челзи, но сепак имаше лоша сезона, а сега порача никогаш да не се соменваат во него.
„Никогаш не се сомневајте во момент. Многу сум среќен за голот на Конопља, вакви моменти имавме и во Шахтјор. Беше на вистинско место во вистинско време. Вториот гол? Ги гледав Ванат и Виктор (Циганков) и требаше да изберам на кого ќе ја додадам топката. Ванат не ми изгледаше најподготвен, па затоа додадов до Виктор и се покажа како одличен потег“, изјави еден од најдобрите украински фудбалери.