Дома Фудбал Италија Мудар потег на Јуве и мала тајна клазула во договорот на Роналдо

Мудар потег на Јуве и мала тајна клазула во договорот на Роналдо

Кристијано Роналдо вчера ги постигна првите голови за Јувентус во Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалецот не се запиша во листата на стрелци на првите три натпревари, но синоќа ги постигна двата гола за победа на Јувентус над Сасуоло (2:1).

Тоа се првите погодоци на Роналдо во официјалните натпревари за новиот клуб во кој летоска стигна за 117 милиони евра од Реал Мадрид. А, погодоците кои ги постигнува можат да му донесат дополнителен профит.

Имено, италијанските медиуми откриваат дека Роналдо покрај платата од 30 милиони годишно има и клазула во договорот по која ќе заработи дополнителни пет милиони евра бонус ако на крајот од сезоната биде на просекот од еден погодок по натпревар.

Токму тоа би можело да биде дополнителен мотив за Роналдо да ги изрешета противничките мрежи, а вчера најави дека е спремен иако многумина се сомневаа во него, тврдејќи дека “поинаку се игра во Италија за разлика од Шпанија.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Канаваро се налути и реагираше на третманот на неговите фудбалери: Така беше само за нас!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Узбекистан, Фабио Канаваро, изрази загриженост…