Дома Македонски спорт Мак фудбал Муарем Муарем и Андреј Кундијан си заминуваат од Брегалница

Муарем Муарем и Андреј Кундијан си заминуваат од Брегалница

ФК Брегалница по взаемен договор ја заврши соработката со досегашните фудбалери на „сините“, Муарем Муарем и Андреј Кудијан.

По крајот на есенскиот дел од сезоната 2021/22 постигнат е меѓусебен договор за прекин на соработката со фудбалерот од средниот ред, поранешниот македонски репрезентативец Муарем Муарем и напаѓачот Андреј Кудијан.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Минав прекрасен период во Брегалница, му благодарам на клубот за успешната меѓусебна соработка но пред мене сега се други предизвици поради што следи актуелната разделба“ – вели Муарем, кој без сомнение остави неизбришива трага во редовите на Брегалница изминатата една година која ја одбележа враќањето на „сините“ во елитното друштво.

Андреј Кудијан, пак, беше еден од носителите на тимот изминативе години низ трнливиот пат на враќањето на клубот во Првата македонска фудбалска лига.

„Несомнено беше нескриено задоволство да се имаат овие имиња во нашиот клуб. Наша чест и задоволство беше да се има играч како Муарем со богато репрезентативно и интернационално искуство кој без сомнение со својата професионалност дополнително допринесе за подигнување на нивото на тимот на скалило плус“ – вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.

По крајот на есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ договорено е и фудбалерот од средниот ред Марио Наумоски следните шест месеци да ги мине на отстапница во насока на добивање поголема минутажа на фудбалските терени.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Комити“ испратија апел да се носи македонско знаме на средбата со Тиквеш, но ФФМ сега донесе нова одлука – натпреварот ќе се одигра без публика!

Навивачите на Вардар пред натпреварот со Тиквеш испратија апел на овој дуел кој требаше да…