Дома Фудбал Англија Мојс му се потсмева на Солскјер: Ниту мојот Јунајтед не играше волку лошо

Мојс му се потсмева на Солскјер: Ниту мојот Јунајтед не играше волку лошо

Дејвид Мојс во 2013 година го превзема Манчестер Јунајтед како замена за легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Сер Алекс го избра својот сонародник за наследник, но шкотскиот стратег не се прослави на купата на „црвените ѓаволи“ каде што помина само неколку месеци.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мојс отказ заработи во април 2014 година, а од година во година се менуваа менаџери на „Олд Трафорд“, но Јунајтед не можеше да се опорави од кога Фергусон си замина.

Оваа сезона отказ доби и Жозе Мурињо. На негово место дојде Оле Гунар Солскјер кој имаше одличен почеток. Сепак, во последно време Јунајтед игра катастрофално. Вчера повторно лошите работи дојдоа до израз, па тимот од Манчестер беше прегазен на гостувањето кај Евертон со 4:0.

https://www.youtube.com/watch?v=JfqBMx9gZEo

Токму после овој пораз на Јунајтед се огласи Мојс кој како да му се потсмеваше на Солскјер.

„Од поодамна не сум видел волку лош натпревар Јунајтед. Луѓето може ќе побараат некои натпревари некои натпревари додека јас бев менаџер, но јас искрено мислам дека не сме одиграле лошо како овој натпревар кој денешниот Јунајтед го одигра против Евертон“, искрен беше Мојс.

Интересно е што Мојс во Манчестер Јунајтед доби отказ после поразот од Евертон на „Гудисон Парк“.

Вкупно 55 годишниот стратег ги водеше „црвените ѓаволи“ на 51 натпревари, а запиша 26 победи, 10 нерешени натпревари и 15 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…