Поранешниот претседател на клубот испрати критики кон раководството поради најновите случувања.
Многу прашина во Италија се крена поради одземањето на капитенската лента на Мауро Икарди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Капитенската лента на натпреварите во Интер во иднина ќе ја носи Самир Хандановиќ. Од вчера Икарди (поради Ванда) добива критики од јавноста во Италија, меѓутоа има такви и кои го бранат.
Помеѓу оние ретките кои го бранат Аргентинецот е и поранешниот прв човек на клубот кој има големо влијание во Интер, Масимо Морати.
Нему му пречи што Интер во јавноста ги изнесува „валканите“ работи.
„Јас сум виновен, тој е виновен, ти си виновен, се е пуштено во јавноста од страна на Интер. Се на улиците е добро. Одземањето на капитенската лента ми изгледа како бескорисен потег на сред сезона кога не можете да го продадете играчот. Не знам каква предност ова може да донесе“, изјави Морати.