Дома Фудбал Италија Мората: Јувентус функционира како семејство

Мората: Јувентус функционира како семејство

Алваро Мората вчера и официјално стана нов играч на Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Една од главните цели на Јувентус во овој преоден рок беше доведување на напаѓач, на крајот клубот се реши да го врати Алваро Мората од Атлетико Мадрид.

Според постигнатиот договор Јувентус за едногодишна позајмица на Мората на Атлетико ќе му плати 10 милиони евра, а на крајот од сезоната ќе има опција и да го откупи договорот на Шпанецот за 45 милиони евра.

Мората по потписот на договорот се обрати и до фановите.

„Двете мои претходни години во Јувентус беа одлични. Дојдов тука како момче, а заминав како вистински фудбалер. Моќта на Јувентус е што функционира како семејство, заедно сме и во победите и во поразите“, изјави Мората.

Во периодот додека беше во Јувентус Мората со овој клуб освои две Скудета и играше финале во Лигата на шампионите во кое Јувентус загуби од Барселона со 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед го претстави новиот комплет опрема

Манчестер Јунајтед и “Адидас” го презентираа новиот домашен опремен сет за сезоната 2026/2…