Алваро Мората денеска и официјално беше претставен како нов играч на Јувентус.
Шпанскиот напаѓач не го криеше задоволството што се враќа во Торино и го избра дресот со број „9“, кој претходно го носеше Гонзало Игуаин.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Одлично е чувството да се вратиш во Торино. Сега сум поискусна личност и подобар фудбалер. Ова е животна шанса за мене. Веќе по првите два тренинзи бев импресиониран од Пирло како тренер бидејќи го знае фудбалот. Сигурен сум во успехот и би сакал да постигнам 35 гола“, изјави Мората.
„Секогаш велев дека мојот сон е да играм за Атлетико Мадрид, но во Јувентус веруваа во мене и кога бев многу млад и благодарен сум за шансата. Сега сум на вистинско место во вистинско време. Најдобрата меморија од Италија ми е мојата сопруга и трофеите кои ги освоив“, додаде 27-годишниот Шпанец.