Алваро Мората на лето би можел да се врати во Италија, бидејќи интерес за него покажуваат Рома и Милан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мората има договор со Атлетико Мадрид до јуни 2024 година, па на лето би можел да го напушти клубот за 15 милиони евра.
Мурињо е во потрага по напаѓач, бидејќи Абрахам на лето најверојатно ќе го напушти клубот. Дубала го советувал раководството да го доведе Мората, со кого имаше одлична соработка во Јувентус.
Милан исто така е заинтересиран, но Шпанецот не е прв избор за „росонерите“.
Поради тоа медиумите тврдат дека Мората е најблиску до Рома во овој момент.