Јувентус минатото лето го донесе Алваро Мората на едногодишна позајмица од Атлетико Мадрид, а во договорот потои опција за откуп.
„Старата дама“ за позајмицата на Мората плати 10 милиони евра, но за целосен откуп ќе треба да плати уште 45 милиони евра, а во моментов не е спремна да ја искористи таа опција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Раководството на Јувентус на лето најверојатно ќе го врати Мората во Атлетико, а примарна трансфер цел ќе биде напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.
Реал е во потрага по нов напаѓач како Халанд и Хари Кејн, па Јувентус ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да го доведе Французинот.
„Бјанконерите“ се спремни да понудат 50 милиони евра за неговиот потпис, па останува да се види каков ќе биде одговорот на „кралевите“.