Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а моментално најголема желба е Алваро Мората.
Откако пропадна трансферот на Турам, сега „росонерите“ се насочуваат кон шпанскиот репрезентативец и сакаат да го доведат на „Сан Сиро“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мората е искусен напаѓач кој го познава италијанскиот фудбал и на двапати го носеше дресот на Јувентус.
Шпанецот сака да се врати во Италија и ги одбил сите други понуди, а Милан следната недела ќе започне преговори со Атлетико Мадрид.
Со оглед на фактот дека Мората влезе во последната година од договорот, во Милан веруваат дека ќе можат да го доведат на „Сан Сиро“ за 15 милиони евра.
👉 In settimana previsto incontro con l’intermediario di Morata: l’attaccante dell’Atletico Madrid resta una delle opzioni più concrete per il Milan pic.twitter.com/MhUCrCtsEr
— Daniele Longo (@86_longo) July 2, 2023