Алваро Мората наводно е незадоволен од својот статус во Реал Мадрид и сака да се врати во Јувентус, каде се етаблираше како напаѓач од светска класа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми пренесуваат дека трансферот би можел да се актуелизира следното лето кога Марио Манџукиќ најверојатно ќе ја напушти „старата дама“.
Мората не е стандарден во Реал Мадрид, се бори со Бензема за место во тимот, а неговата минутажа може додатно да се намали следното лето, бидејќи „кралевите“ сакаат да купат уште еден напаѓач.
„Кралевите“ сакаат да ја искористат ваквата ситуација и да договорат трампа со Јувентус, бидејќи голема желба на Флорентино Перез е Пауло Дибала.
Сепак, „бјанконерите“ не сакаат да се откажат од Аргентинецот, но сигурно ќе се обидат да го вратат Мората следното лето во Торино.