Шпанскиот напаѓач Алваро Мората вчера вечер допатува во Торино и денес ќе потпише договор со Јувентус.
Мората во Јувентус пристигнува на позајмица за 10 милиони евра до крајот на сезоната, а „старата дама“ ќе има можност потоа да го откупи неговиот договор за 45 милиони евра или да ја продолжи позајмица за уште една година за нови 10 милиони евра. Сумата за откуп во случај да има втора позајмица би изнесувала 35 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанецот утрово пристигна на медицински прегледи каде што беше пречекан од голем број фоторепотери, навивачи и новинари. За Мората ова е враќање во Јувентус откако во 2016 година премина во Реал Мадрид.
#Juventus: visite mediche in corso per #Morata // Morata is currently undergoing a medical at #Juventus ??⚪️⚫️ @Goalitalia @Goal pic.twitter.com/DKhnR5mJl1
— Romeo Agresti (@romeoagresti) September 22, 2020