Шпанскиот напаѓач Алваро Мората се наоѓа на излезните врати во Челси. Имено, Мората не се прослави иако стигна како големо засилување од Реал Мадрид за 70 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Менаџерот на Челси, Маурисио Сари неодамна изјави дека Мората има проблем со самодовербата, но дека напредува и верува дека ќе ги покаже своите квалитети.
Тоа сепак веројатно во дресот на Сините нема да се случи, а како можна опција за Шпанецот се споменува италијански Милан.
Наводно контактите се воспоставени, а се треба да биде познато веќе околу нова година.