Дома Фудбал Мората: Жалам што го носев дресот на Реал Мадрид (видео)

Мората: Жалам што го носев дресот на Реал Мадрид (видео)

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората ги разочара навивачите на Реал Мадрид, велејќи дека жали што го носел дресот на „кралскиот“ клуб.

Шпанецот од мал е фан на Атлетико, но својата фудбалска афирмација ја доживеа на „Сантиаго Бернабеу“, каде во два наврата го носеше дресот на Реал Мадрид.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Кога бев дете, играв во Атлетико. Во детството чувствував притисок од тоа како се менува фудбалот. Затоа решив да одам во Гетафе за една сезона, а потоа во Реал. Жал ми е што носев други дресови во Шпанија, освен тој на Атлетико“, рече Мората за време на „лајв“ на Инстаграм.

„Но, јас со мојот татко одев на „Калдерон“ и навивав за Атлетико, сонував да играм таму. За жал, играв таму со други дресови, не со оној на Атлетико, но јас отсекогаш сум бил фан на овој клуб. Тоа што се случи во минатото, останува засекогаш“, додаде напаѓачот

Мората во моментов е во сопственост на Челзи од каде пристигна на 18-месечна позајмица, но информациите се дека „јорганџиите“ ќе ја искористат опцијата за негов откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи го избра новиот менаџер

Енцо Мареска ќе биде нов тренер  на Челзи  и ќе го наследи Маурисио Покетино, пр…