Шпанскиот напаѓач Алваро Мората пред почетокот на сезоната пристигна во Челзи како големо засилување од Реал Мадрид за сума од 60 милиони фунти.
Иако Челзи издвои голема сума за Мората на крајот овој напаѓач не ги исполни очекувањата на „Стенфорд Бриџ“. Мората во сезоната која е зад нас во дресот на „сините“ одигра 45 натпревари и успеа да постигне за него скромни 15 погодоци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од Челзи веднаш порачаа дека очекувале многу повеќе од скапо платениот Мората, а во последно време се повеќе се шпекулира дека овој фудалер наскоро ќе го напушти англискиот гигант.
Наводно, интерес покажале неколку клубови, а засега најмногу се поврзува со враќање во Јувентус.
Како што пишува „The Sun“, Moрата веќе разговарал со управата на Јувентус и ги договорил условите, а сега останува потешкиот дел од работата – да се договорат Челзи и Јувентус.
„Сините“ се спремни да го пуштат Мората, но во случај Јувентус да плати 52 милиони фунти.
Една од причините зошто Челзи сака да го продаде Мората е тоа што во таборот на „сините“ сакаат да му остават повеќе простор на Мичу Батшуаи кој воодушеви на позајмицата во Борусија Дортмунд.