Дома Останати Кошарка НБА Морант ѕвезда на вечерта во НБА – со 52 поени ги сруши Спарс! 🎥

Морант ѕвезда на вечерта во НБА – со 52 поени ги сруши Спарс! 🎥

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа седум натпревари, а во центарот на вниманието беше Џа Морант.

Мемфис пред домашната публика славеше против Сан Антонио со 118:105. Најзаслужен за победата беше Морант кој постигна 52 поени и уште подели две асистенции и запиша седум скока. Од линијата за три поени имаше 4/4.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Посебен момент за издвојување е неговото забивање преку центарот на Спарс висок 216 сантиметри. Морант е висок 191 сантиметар.

Со ова тој го подобри својот рекорд за седум поени, претходниот рекорд го постави во саботата против Чикаго. Зад него следуваше Мелтон со 16 поени, додека Валкер на спротивната страна постигна 22 поени.

Тимот на Мемфис во овој момент се наоѓа на третото место на Западната конференција, пред нив се само Голден Стејт и Феникс.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Минесота 122-127, Орландо – Индијана 119-103, Бруклин – Торонто 97-133, Мајами – Чикаго 112-99, Мемфис – Сан Антонио 118-105, Милвоки – Шарлот 130-106, Оклахома – Сакраменто 110-131.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…