Дома Останати Кошарка НБА Морант ги уништи Лејкерси, одличните Вестбрук и Леброн не беа доволни 🎥

Морант ги уништи Лејкерси, одличните Вестбрук и Леброн не беа доволни 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни повеќе натпревари, а за издвојување е победата на Мемфис против Лејкерси.

Во триумфот на Мемфис блескаше Џа Морант кој постигна 41 поен. Мемфис успеа да се врати од -14 и да го добие натпреварот. Леброн на еден ден пред 37.роденден постигна 37 поени, погоди дури осум тројки. Вестбрук оствари трипл-дабл со 16 поени, 12 асистенции и 10 скокови, но тоа не беше доволно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гризлите се во форма, ова им е трета победа во низа и се на скор од 22-14, додека Лејкерси се во „дупка“ и имаат шест порази на последните седум натпревари.

Црногорецот Никола Вучевиќ одигра солиден натпревар и со дабл-дабл од 16 поени и 20 скокови придонесе за победата на Чикаго против Атланта (131:117).

НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Њујорк 85:94, Индијана – Шарлот 108:116, Бостон – ЛА Клиперс 82:91, Чикаго – Атланта 131:117, Мемфис – ЛА лејкерс 104:99, Феникс – Оклахома 115:97, Портланд – Јута 105:120, Сакраменто – Далас 95:94.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона и Наполи спремаат голема трампа

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…