Дома Фудбал Англија Морале да тренираат секој ден во 15 часот: „Сари ни кажа дека тоа е поради еден научник“

Морале да тренираат секој ден во 15 часот: „Сари ни кажа дека тоа е поради еден научник“

Маурисио Сари летото 2019. година одлучи да го напушти Челси откако пристина понуда од Јувентус, но на крајот таа одлука не се покажа како најдобра.

Сари на клупата на Сините помина само една сезона и ги изненади челниците на клубот кога одлучи да ја прифати понудата на Јувентус. Сеск Фабрегас не го памети по добро Сари бидејќи поради него го нашушти клубот и се пресели во Монако.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фабрегас открива дека Сари е многу суеверен што за многу играчи на почетокот беше смешно, но потоа сфатија дека се работи за многу посериозни работи.

„Тој е добар тренер и нема сомнеж во тоа. Сепак, неверојатно е колку е суеверен и тешко е да го натерате да се премисли во некои работи. Пример, секогаш сакаше да тренираме во 15 часот што многумина играчи кои имаа семејства не сакаа да го прифатат. Децата на утро се на школо, а кога се вратиме од тренинг тие веќе спијат и едвај ги гледавме како што треба.“ – рече Фабрегас и додаде:

„Во една прилика решивме да го прашаме Сари да го промени терминот за тренинг за да поминуваме повеќе време со семејствата. Но, тогаш ни рече дека мора да тренираме во 15 часот бидејќи еден научник од Пиза докажал дека тоа е најдоброто време за телото. На тоа немавме одговор.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…