Дома Фудбал Италија Мончи повеќе не е спортски директор на Рома!

Мончи повеќе не е спортски директор на Рома!

monchi

Мончи од денес повеќе не е спортски директор на Рома!

Откако вчера доби отказ тренерот Еусебио Ди Франческо, спортскиот директор Мончи одлучи да ја напушти функцијата во Рома, а раководството на клубот му излезе во пресрет и договорот е раскинат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се претпоставува дека Мончи набрзо ќе пронајде нов ангажман. Очекувањата се да стане спортски директор на Арсенал и тоа би требало наскоро да се потврди. Шпанецот со Арсенал ќе потпише договор на три години, а веќе се шпекулираше за наследниците на неговата позиција.

Раководството на римскиот тим на оваа позиција сака да биде поставено дуото од Сампдорија Валтер Сабатини – Крло Ости, а во меѓувреме оваа функција ќе ја извршуваат Рики Масар и Федерико Балзарето.

Исто така денес би требало да биде познато името на новиот тренер на Рома. Засега според она што се пишува во италијанските медиуми најголем фаворит е Клаудио Раниери.

Мончи беше на удар на критиките од навивачите поради своите трансфери во Рим оваа сезона. Навивачите сметаат дека Мончи со својата погрешна политика значително го ослабел клубот во однос на минатата сезона. Сепак, изгледа и Мончи чекал ситуација да го крене сидрото, а отказот на Ди Франческо очигледно дека му послужи како причина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА не дозволува Сити и Џирона заедно да играат во ЛШ

 Манчестер Сити и шпанската Џирона можеби нема да играат во Лигата на шампионите, за која …