Oфицијализираа едно, но според италијанските медиуми на пат е и уште едно засилување!
Oткако го изгубија Малком кој премина во редовите на Барселона, Рома никако не успеваше да доведе засилување, сега тоа конечно се промени и денес официјално нивни фудбалер стана Стивен Нзози.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
29 годишниот Нзози веројатно ќе добива 3.5 милиони евра годишно, додека Рома ќе и плати на Севиља сума помеѓу 28 и 30 милиони евра, што е помалку од клазулата од 40 милиони евра која стоеше во договорот на овој фудбалер.
? Steven Nzonzi https://t.co/AaeJZ8TsU3
— AS Roma (@OfficialASRoma) August 14, 2018
Но, тој изгледа нема да биде последното засилување.
Покрај Нзози, Рома би можела да го доведе Тајсон од Шахтјор. Играчот за врска би бил одлично засилување за „волчицата“. а претпоставките се дека за него би требало да платат помеѓу 25 и 30 милиони евра.
Тајсон на 117 лигашки натпревари во украинското првенство 22 гола.
Бразилецот постави слика на Инстаграм постави фотографија под која напиша: Што повеќе се заблагодарувам, толку повеќе добри работи се случуваат“, а потоа следуваше прашање на Хуан Жесус.
„Дали доаѓашво Италија“?, на што Тајсон одговори: „Доаѓам“!