Дома Фудбал Италија Мончи го рестартираше, Насри и ова лето во главната улога на трансфер пазарот

Мончи го рестартираше, Насри и ова лето во главната улога на трансфер пазарот

Долго веќе Рома бара замена за офанзивецот, Мохамед Салах кој во рекорден трансфер вреден 50 милиони евра го засили Ливерпул, но многу врати на кои Римјаните се обидоа да тропнат беа затворени.

И натаму се чека новиот спортски директор, Мончи да изведе некое чудо, но соочен е со фактот дека Рома веќе не е примамлив тим за големите имиња, па мора да бара нешто што е во рамки на рангот на овој клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така се појави, старо-новата опција, Самир Насри, некогашниот репрезентативец на Франција, кој е вишок во Манчестер Ситии кој повторно мора да бара нов клуб по истекот на позајмицата во Севиља.

Интересно е што токму Мончи изминатото лето го донесе во Севиља, па се отвора можност истото и овојпат да го стори, но само на Олимпико.

„Самир е под договор со Сити, а ние разгледуваме некои понуди. Можен е трансфер во Кина, а што се однесува до Италија, постојат два клуба кои го посакуваат. Се работи за топ тимови“, истакна менаџерот на Насри.

Потоа индиректно призна дека и Рома е еден од заинтересираните клубови.

„Мончи го посакуваше во Севиља и добро го познава. Клуб каков што е Рома сигурно е интересен за Самир Насри и постои меѓусебна интеракција. Сакаме да ги разгледаме плановите на Рома, да проучиме дали за Насри има место во тој нов проект. Трансферот во Рим би зависел и од тоа кој ќе замине од редот за врска на Рома, бидејќи се знае дека мојот клиент е поливалентен играч за врска кој мора да игра“, порача застапникот на Самир Насри.

Очигледно е дека желбата постои, уште само Рома да најде модел како да го ангажира фудбалерот кој со договор се уште е врзан со Манчестер Сити до летото 2019. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…