Тренерот на „росонерите“ Винченцо Монтела потврди дека крилниот напаѓач Мбаје Нианг најверојатно ќе ја промени средината во јануарскиот преоден рок.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Нианг одлично ја започна сезона во Милан, но потоа падна неговата форма и Монтела го седна на клупата за резерви.
Во последните два месеци младиот Французин е резерва кај „росонерите“, а со доаѓањето на Делуфеу додатно ќе се намали неговата минутажа, па поради тоа самиот побарал да ја промени средината.
Милан разгледува опции да го испрати на 6 месечна позајмица во некој италијански клуб, но за Нианг пристигнаа неколку понуди од Премиер лигата.
Имено, Вест Хем, Кристал Палас и Ватфорд се спремни да платат 18 милиони евра за неговиот потпис, па сега останува да видиме кој клуб ќе победи во трката за неговиот потпис.