Баерн Минхен и Севиља вечерва на „Алијанц Арената“ ќе го одиграат реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако на првиот натпревар во Андалузија Баерн запиша победа од 1:2.
Тренерот на Шпанците, Виченцо Монтела е убеден дека работата не е завршена и дека неговиот тим има што да покаже во реваншот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Натпреварите се секогаш долги и најважно да се остане во нив и да се игра трпеливо. Ние веруваме дека можеме да ја надополниме негативата. Секако дека е можно да се победи Баерн. Важно е да не примиме гол, посебно во првото полувреме. Баерн во вториот дел од натпреварот доминираше во поседот на топка, ние треба да ја искористиме секоја шанса која ќе ни се укаже. Верувам дека можеме да направиме, ново чудо“, изјави Монтела.
Да потсетиме, Севиља во ¼ финалето од Лигата на шампионите се пласираше после гостинската победа над Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 1:2.