Дома Фудбал Останато Монако – шанса за заработка до неверојатни половина милијарда евра

Монако – шанса за заработка до неверојатни половина милијарда евра

Монако во изминатиот летен преоден рок беше станица за многумина европски великани.

По феноменалната сезона и освојувањето на титулата во Франција, челниците на Монако одлучија да продадат некои најдобри играчи. Прв клубот го напушти Бернардо Силва кој потпиша за Манчестер Сити, а некои недели подоцна, по неговите чекори тргна и Менди.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Патот до Англија реши да го изоди и Бакајоко кој кариерата ја продолжи во Челзи. Последен кој го напушти клубот е веројатно најголемата ѕвезда на клубот, Килијан Мбапе кој замина во ПСЖ на позајмица, но со клаузула со која Парижаните се обврзани да го откупат следното лето неговиот договор за 180 милиони евра.

Потпретседателот на Монако, Вадим Василјев, призна дека клубот ќе заработи околу 360 милиони евра од овие трансфери, но дека тоа наскоро би можело да изнесува двојно повеќе.

„Ова е нов рекорд, клубот од продажбата заработи 360 милиони евра. Заработката ви можела а биде и половина милијарда евра, но одлучивме да задржиме неколку играчи. Знаевме дека ги продаваме буквално најдобрите и го прифативме тоа. Тоа е едноставно начин да преживееме бидејќи ние немаме доприноси како некои екипи. Па, Арсенал заработува од картите за еден меч како ние за цела сезона и тоа ви говори се“, истакна Василјев и додаде:

„Во нашата академија никнаа Тиери Анри, Давид Трезеге, Турам, а Мбапе е само потврда дека работиме одлично со младите играчи. Но, разликата помеѓу нас и англиските екипи е голема и поради тоа не сме во состојба да ги задржиме сите ѕвезди“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти откри каква е повредата на Мбапе

Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Реал Мадрид во победата над Аталанта 3:2 во шестио…