Килијан Мбапе најверојатно ќе биде еден од најмногу бараните играчи во следниот трансфер период.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Талентираниот француски напаѓач ја воодушеви цела Европа со неговите настапи во дресот на Монако оваа сезона, па за него интерес покажаа многу гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.
Според пишувањата на француското радио „RMC“, Монако неодамна одбил 80 милиони евра за Мбапе, иако не е познато името на клубот кој ја понудил таа понуда за одличниот фудбалер.
Се претпоставува дека тоа би можело да биде токму Реал Мадрид, а за 18-годишниот голгетер интерес покажаа и Манчестер Јунајтед и Челзи.