Дома Трансфер зона Монако нема само да продава – Го доведува дуото од Баерн Минхен!?

Монако нема само да продава – Го доведува дуото од Баерн Минхен!?

Управата на Монако очигледно нема да седи мирно во летниот трансфер период, ќе направи се, за да доведе нови фудбалери и да го засили својот тим за следната сезона.

Потсетуваме, тие веќе останаа без Бернандо Силва, кој си замина во Манчестер Сити за 70 милиони евра, а во Монако веќе имаат план како да го заменат.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Парите од неговата продажба сакаат да ги инвестираат во дуото од Баерн – Даглас Коста и Ренато Санчез. Овие двајца фудбалери веќе се поврзуваат со заминување од минхенскиот клуб бидејќи во финишот од сезоната не добија многу прилика за игра, а изгледа дека Монако би можел да биде првиот клуб за нив.

Санчез во Баерн пристигна минатото лето за големи пари од Бенфика, но во Минхен не доби вистинска шанса за сега, додека Коста исто така не е задоволен од статусот во клубот и сака да си замине. Се чини дека тие би биле идеални за Монако, но останува да видиме дали ќе остане само на шпекулации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…