Дома Фудбал Останато Монако е заборавена приказна: Маркизио ќе бира помеѓу Спортинг Лисабон и Зенит…

Монако е заборавена приказна: Маркизио ќе бира помеѓу Спортинг Лисабон и Зенит…

Италијанскиот фудбалер, Клаудио Маркизио се уште е без клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој пред неколку дена се прости од Јувентус, клубот во кој ја мина целата досегашната карисра, па сега е во потрага по нов клуб.

Италијанските медиуми изминативе денови известуваа дека тој е блиску до преминување во Монако, но Кириере ди Торино пренесува дека од тоа нема да има ништо, туку дека Маркизио ќе бира помеѓу Спортинг Лисабон и Зенит.

Како што се наведува, овој играч за врска е многу блиску до Спортинг, доколку новиот тренер на клубот стане неговиот сонародник Клаудио Раниери. Освен тоа, и Зенит е една од најизгледните опции, а како што се наведува заинтересирани се Реал Бетис и Сивиља.

Освен тоа, се споменува и заминување во американската МЛС лига, бидејќи заинтересирани се Монтреал Импакт и Њу Јорк, но засега Спортинг и Зенит се две најверојатни опции и Маркизио и веројатно ќе бира помеѓу овие два клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голгетер од Франција ќе тресе мрежи за Струга!

Струга продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, а најново име во составот е…