Дома Фудбал Англија Момчето за кое зборува цел Манчестер: Нему му се предвидува блескава иднина

Момчето за кое зборува цел Манчестер: Нему му се предвидува блескава иднина

Скот Мектомини е момчето за кое се зборува во црвениот дел во Манчестер.

Овој 21-годишен играч за врска понуди одлична партија, ниту помалку, ниту повеќе, туку во дербито против Челзи, а дека се работи за играч пред кој би можел да биде светла иднина на клубот, потврдуваат и зборовите на српскиот репрезентативец, Немања Матиќ.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Мектомини играше сосема добро и против Севиља во Лигата на шампионите и дојде како освежување покрај Матиќ и Пол Погба.

„Тој е фантастичен. Со само 21 година има таква контрола, тоа е неверојатно. Ќе биде тој голем играч на Манчестер Јунајтед. Ми се допаѓа што е добро момче и нема проблем пред натпреварите да праша за совет“, истакна Матиќ за британските медиуми.

Мектомини за првиот тим на Јунајтед дебатираше во мај, а неодамна против Челзи постојано го „притискаше“ Еден Азар. И она што е најважно за младиот играч, ниту на момент не покажа дека се плаши.

„Кога дојдов во Манчестер, ми беше потребно самио неколку дена да видам дека ова момче може да биде голем играч. Напорно работи, но нема сега премногу да зборувам за него бидејќи се уште е млад. Но, секако заслужува да му се случат добри работи“.

Но, тоа што во добра мера го неутрализираше опасниот Белгиец не е пна што најмногу ги израдува навивачите на Јунајтед, туку фактот дека школата на Манчестер произведе уште еден играч на кој „Ѓаволите“ би можеле да се потпрат во годините кои доаѓаат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…