Maкедонскиот олимписки комитет (МОК) денес ги објави имињата на кандидатие кои како олимписки кандидати ќе добиваат стипендија се до ЛОИ 2024 во Париз.
Врз основа на својата Олимписка таргетирана процесна реорганизација, во соработка и консултација со Националните спортски федерации (НСФ), но и во координација со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Меѓународните спортски федерации (МСФ), започнувајќи од 1 Јануари 2022 година па се до Олимписките игри во Париз 2024, МОК ќе ги финансира плановите и програмите на следните олимписки кандидати и нивните НСФ:
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
1. Дејан Георгиевски – Таеквондо / 1600 американски долари
2. Магомедгаджи Омардибирович Нуров – Борење-слободен стил / 1300 американски долари
3. Владимир Егоров – Борење-слободен стил / 1100 американски долари
4. Филип Додевски – Таеквондо / 1100 американски долари
5. Анамарија Георгиевска – Таеквондо / 800 американски долари
6. Дарио Ивановски – Атлетика / 800 американски долари
7. Борјан Бранковски – Спортско стрелаштво / 800 американски долари
Иако според новите правила, ИОК одобри максимум 5 (пет) спортисти за добивање на Олимписка стипендија, сепак МОК предложи и успеа да добие одобрение за 7 (седум) спортисти од поединечни спортови кои ќе бидат финансирани до ОИ ПАРИЗ 2024.Олимписката стипендија мора да послужи исклучиво како надополнување на претходно одобрениот и обезбеден финансиски план и финансиски средства за Олимписките кандидати обезбедени од страна на НСФ-ии.Оваа листа не е конечна бидејќи МОК и за другите спортисти, кои во меѓувреме ќе докажат со своите најдобри резултати дека евентуално ќе можат да освојат норма за учество на Олимписките игри ПАРИЗ 2024, ќе обезбеди финансиска помош која секако ќе биде надополнување на веќе обезбедените финансиски средства, кои НСФ-ии ги добиле од јавниот и приватниот сектор.