Дома Фудбал Останато Моис Кин жестоко му одговори на неговиот татко кој побара два трактори

Моис Кин жестоко му одговори на неговиот татко кој побара два трактори

kean

Моис Кин стана сензација на италијанскиот фудбал поради одличните настапи во дресот на Јувентус и репрезентацијата на Италија.

Овој 19 годишен фудбалер веќе неколку години наназад се наоѓа на големата сцена, но оваа конечно успеа да блесне. Во дресот на Јувентус постигна два гола во натпреварот против Удинезе и одигра добри петнаесетина минути во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Тие негови настапи беа доволни да добие повик во репрезентацијата на Италија и тој повик и тоа како добро го искористи во натпреварите против Финска и Лихтенштајн – беше стрелец и во двата натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера во медиумите се појави изјава на неговиот татко кој тврдеше дека Јувентус му должи два трактори. Кин баш и не е во добри односи со неговиот татко и нема намера таа ситуација да ја промени.

„Многу сум среќен поради него, дури иако имам проблем со Јувентус. Нема да ми дадат повеќе влезници за на стадион. Се одвоив од мајката на Кин и таа во минатото сакаше да ги одведе децата во Англија. Му ветив на Јувентус дека ќе им помогнам да го задржиме во Италија, но за возврат побарав два трактори. Ми кажаа дека тоа нема да биде проблем, но јас сеуште не си го добив ветеното“, гласеше вчерашната изјава на неговиот татко.

Младиот Кин денес се огласи и демантираше се што кажа неговиот татко и директно потенцираше дека не се во добри односи.

„Трактори? Не знам за што зборувате. Човекот кој станав денес, станав благодарение на мојата мајка и тоа се ви кажува. Никогаш не ја заборавајте личноста која ве одгледала“, порача младиот напаѓач на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се појави анализа со гол-технологијата: Барселона била оштетена во „Ел Класико“! 🎥

На социјалните мрежи беше објавена анализа со гол-технологијата за спорниот момент во „Ел …