Дома Фудбал Италија Можно ли е? – Лацио се закани со напуштање на Серија А!?

Можно ли е? – Лацио се закани со напуштање на Серија А!?

После вчерашниот натпревар во кој Лацио беше поразен од Торино со 1:3 наводно претседателот на овој клуб, Клаудио Лотито, „полудел“, пренесуваат италијанските медиуми.

„Football Italia“  пренесува дека Клаудио Лотито дури и сериозно размислува за напуштање на Серија А.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според Лотито, Лацио во вчерашниот натпревар бил оштетен за пенал, но и тврдат дека Имобиле кој еден од најдобрите фудбалери неправедно бил исклучен.

Лотито веќе некое време се жали дека поради политиката во државата на неговиот клуб не му е дозволено да биде помеѓу најдобрите четири клуба во Италија.

Според „Sport Mediaset“, Лотито се чуствува како жртва и дека натпреварот со Торино бил „шлаг на тортата“.

Во овој момент официјални информации нема и тие се очекуваат наскоро.

lazio

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Валенсија му се поклони на Димитриевски: Столе е нашиот свет (Видео)

Македонскиот голман Столе Димитриевски блесна на голот на Валенсија, каде што конечно доби…