И кога помислиме дека на Бернабеу се гледа излезот од кризата, Реал повторно “тоне.“ Освен слабите резултати оваа сезона, константо пристигнуваат информации за проблеми во соблекувалната на Кралевите.
Реал Мадрид синоќа го совлада Ваљадолид на гости со 1:4, но скоро е без шанси за титулата во Ла Лига. Исто така, Кралевите испаднаа од Кралскиот куп и ЛШ, па јасно е дека играат сезона за заборав.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ниту Сантијаго Солари кој го замени Лопетеги не успеа да ги врзе конците на Бернабеу, па се поинтензивно се шпекулира и за неговата иднина.
Солари не е во најдобри односи со неколку свои играчи, а во медиумите се појави информација за жестока расправија на релација тренер – играчи после елиминацијата од Ајакс во ЛШ.
Испаѓањето од ЛШ и двата порази од Барселона во краткиот временски период очигледно имаа големо влијание на атмосферата во соблекувалната.
Притисокот не е само врз тренерот и челниците на клубот, туку и на играчите, а Марка пренесува информација за судир на двајцата дефанзивци во клубот, капитенот Рамос и бекот Марсело.
Наводно, на саботниот тренинг на Кралевите имало жесток судир помеѓу Рамос и Марсело, а нивна физичка пресметка ја спречиле соиграчите.
Она што е уште полошо, е фактот што причината била бизарна, а може да се каже и потполна глупост.
Имено, играчите на Реал на тренингот биле поделени во две групи и играле на мали голови, а на крајот победила екипата на Марсело.
Марсело ја славел победата на својата екипа, а на капитенот тоа не му се допаднало и одлучил тоа јасно да го покаже.
Следувала вербална расправија, но ситуацијата брзо се смирила откако реагирале соиграчите. Марка пренесува дека до крајот на тренингот поминало се во најдобар ред.