Фудбалерите на Ливерпул оваа сезона играат фантастично во англиската Премиер лига, а надежите за освојување на титулата се поголеми од кога било.
Ливерпул скоро 30 години не ја освоил титулата првак на Англија, што за овој великан е предолго. Нив како некој да ги проколна после титулата од 1990. година и едноставно не успеа да се најде на тронот. Имаше сезони во кои на неверојатен начин во самиошт финиш ја губеа титулата, но се чини дека оваа година им оди се во прилог.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Црвените на теренот делуваат убедливо и играат подобро од било кога. Годината ќе ја завршат на првото место пред Тотенхем и Сити. Сепак, во Ливерпул не зборуваат многу за титулата бидејќи од искуство знаат дека до крајот се е можно.
Еден од нив дури изјави дека нема да слават дури и Ливерпул да има 20 бода предност, туку дека тоа ќе го направи во оној момент кога сезоната ќе заврши. Сепак, тимот на Клоп оваа сезона делува шампионски и после 19 одиграни натпревари во ПЛ се уште нема пораз.
Ливерпул собра 51 бод, запиша 16 победи и три нерешени со 43 постигнати гола и само 7 примени во досегашниот дел. За нив 2018 е успешна година, а во 2019. сигурно единствениот сон им е да дојдат до титулата во Премиер лигата. Титула која во овој момент сигурно повеќе ја посакуваат од онаа во ЛШ.