Македонскиот репрезентативец Енис Барди се повредил во настапот за репрезентацијата против Романија, пишуваат шпанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во натпреварот со Романија во Скопје Барди во еден момент се пожали на болки во бутниот мускул, но сепак остана на теренот се до финишот од мечот кога беше заменет.
Веќе утре Барди во Леванте го чека предизвик против Рајо Ваљекано, па навивачите и луѓето во клубот се надеваат дека не станува збор за сериозна повреда. Повеќе детали за повредата на Барди би требало да има во текот на дешениот ден после прегледите во Валенсија.