Торински Јувентус имаше голема шанса минатата година во своите редови да го доведе Ерлинг Халанд.
„Старата дама“ имала буџет од 45 милиони евра, а Халанд бил спремен да потпише. Младиот напаѓач со својот татко дури и бил во Торино, но на крајот договорот не се потпишал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Халанд подоцна завшри во Борусија Дортмунд и тоа поради бизарна одлука на гигантот од Торино. Халанд барал гаранција дека ќе има место во стартниот тум, но во Торино тоа не сакале да му го гарантираат.
На Норвежанецот му било соопштено дека можат да му гарантираат стартно место во У23 тимот кој игра во Серија Ц. Тоа го разочарало Халанд кој по тој разговор си заминал од Торино.
Јувентус на крајот место Халанд го доведе Дејан Кулушевски од Парма за 40 милиони евра.